СОРОСОВИ ОРГАНИЗАЦИИ ОДЛУЧУВААТ ЗА МЕДИУМИТЕ: 5-тиот член во ад-хок телото испреплетен во мрежа од Соросови организациии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новинарот Васко Ефтов во синоќешнoто издание на „Во Центар“, во разговор со Алберт Муслиу откри дека Љузим Азири, 5-тиот член во ад-хок телото е член на граѓанската организација на Алберт Муслиу, АДИ, која на списокот на свои донатори ги има Сорос, УСАИД, Британска амбасада и многу други странски организации.

soros-640x331

„Требаше да бидите член , 5-ти на оваа ад-хок тело, сега човек кој што е во вашата невладина организација е клучниот 5-ти глас или 3 према 2 кога се гласа во тоа ад-хок тело.“, рече Ефтов, на што Муслиу одговори, со кратко „да“.

Ефтов во својата анализа во текот на емисијата додава дека на списокот на спонзори, финансиери или партнери на невладината на Муслиу, АДИ, со седиште во Гостивар, се ЕУ, Фондација Сорос, НЕД, Британската амбасада, Цивика, Швајцарската амбасада, УСАИД, Американската амбасада, Швајцарската агенција за развој и соработка, МЦМС и други кои сочинуваат еден „навистина респектабилен список и веројатно ваков список може да биде власт“, заклучува Ефтов.


Алберт Муслиу воопшто не негира за списокот на организации кои Ефтов ги обелоденува како финансиери на неговата организација меѓу кои и Сорос, дури и наведува дека сите наводи на Ефтов се вистинити. Со ова само се потхрануваат сомнежите во јавноста во врска со петтиот член Азири и блискоста со СДСМ-Сорос, односно може да се каже дека стануваат појасни и сите досегашни чекори на ад-хок телото и селективноста во казните кон одредени медиуми. Селективниот пристап на телото кое има двајца членови од СДСМ и еден од Сорос, е повеќе од очекуван.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This