„СОРОСОВАТА АРМИЈА“ ЌЕ СЕ ОФАЈДИ ОД НОВИОТ КЛИНИЧКИ: Сопругот на шефицата на „Отворено општество“, го советува Заев за новиот клинички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од одлуката на Владата за нова локација на Клиничкиот центар кај Злокуќани ќе се офајди Мартин Пановски, сопруг на Фани Каранфиловска Пановска, која е прв човек на Фондацијата Отворено општество позната како Сорос. Сега Пановски кој е архитект го советува премиерот Зоран Заев за локацијата на новиот клинички центар.
Имено Асоцијацијата на архитекти, предводена од Паневски пред премиерот Заев и министерот за здравство, Венко Филипче ја презентирале локацијата за новиот Клинички центар. Тие му укажале на премиерот и на министерот дека Универзитетскиот клинички центар треба да се гради на локација во близина на Злокуќани.
Сопругата на Пановски пак работи за плата од нешто помалку од четири илјади евра, сега нејзиниот сопруг ја советува Владата. А неговиот совет за промена на локацијата води до тоа новиот клинички наместо да чини 120 милиони евра, според првичните проценки ќе чини најмалку 500 милиони евра.
Инвестицијата само за изградба на новиот клинички центар според претходната влада беше предвидено да чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вкупна вредност од 128 милиони евра.
Проектирањето на новите објекти и инфраструктура на клиничкиот центар четири години интензивно работеа тимови од италијанска компанија, во соработка со меѓународни консултантски тимови составени од експерти од Шпанија, Германија, Грција и други западноевропски земји, со целосна поддршка на Банката при Советот на Европа.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This