СОРОСОВИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ ФИНАНСИРААТ БРОДОВИ СО МИГРАНТИ ПОВРЗАНИ СО ИСИС ДО ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Истрагите на италијанските власти и на други откриле дека невладините организации финансирани од, меѓу другите, Џорџ Сорос, активно финансираат приватни бродови за шверц на десетици илјади илегални бегалци од Северна Африка во ЕУ преку јужна Италија. Шверцот со луѓе, наводно, е поврзан со мрежите за шверц на ИСИС. Ако властите го потврдат тоа, невладините организации би можеле да добијат кривични пријави.

migrants-eu-isis-soros-003

Кармело Зукаро, главниот обвинител на Катанија, Сицилија, во март сведочеше пред комитетот на италијанскиот парламент дека официјалната истрага за финансирањето современи бродови за бегалци во Средоземно Море од страна на приватни невладини организации е оправдана. Тој наведе докази дека шверцерите на луѓе во Либија и во другите крајбрежни држави во Северна Африка, кои често се поврзуваат со ИСИС или со други криминални банди, го координирале шверцот на десетици илјади илегални бегалци во Италија. Зукаро приложил докази дека шверцерите, дали од копно или од помалите бротчиња за емигранти, им се јавувале на поголемите спасувачките бродови финансирани од невладини организации директно да организираат трансфер за бегалците, што укажува на многу блиско ниво на координација меѓу шверцерските банди и бродовите финансирани од невладини организации.

Зукаро објави дека неговата канцеларија го истражува, како што го нарекува, „абнормалниот“ износ на средства што им овозможуваат дури и на малите агенции да изнајмат бродови. Досега италијанските власти открија најмалку десет приватни невладините организации што се вмешани, меѓу нив и неколку невладини организации финансирани од страна на Фондацијата „Отворено општество“ на шпекулантот Џорџ Сорос.

Зукаро, исто така, за италијанските медиуми изјави дека олеснувањето на илегалната имиграција е дело што се казнува, без оглед на намерата. Тој рече дека Италија, исто така, го истражува исламскиот радикализам што се случува во затворите и во логорите во кои се ангажирани имигранти, незаконски или на црно. Европскиот комесар за имиграција Димитрис Аврамопулос изјави дека околу 80 проценти од имигрантите од Северна Африка што пристигнуваат во Италија немаат законско право на азил. Многу од нив, наводно, имало дел од криминални банди што се појавија по бомбардирањето на Либија поддржано од САД во 2011 година и убиството на Гадафи, што ја фрли земјата во анархија.

Во текот на изминатата година, како што се затвори маршрутата за шверц со бегалци низ Грција, маршрутата до ЕУ од Северна Африка се префрли во јужниот дел на Италија преку употреба на современи бродови што ги носат илјадниците бегалци во Сицилија и во други делови од јужна Италија. Во првите два месеца на 2017 година приливот на илегални бегалци од Либија во јужниот дел на Италија се зголеми за 40 проценти повеќе од истиот период претходната година.

migrants-eu-isis-soros-002

Шверц со луѓе на невладините организации

Европска агенција за гранични и за крајбрежни служби, ФРОНТЕКС, во својот извештај за 2017 година наведува дека Централниот Медитеран станал главна маршрута за африканските емигранти до ЕУ и е многу веројатно дека тоа и така ќе остане во догледна иднина. Поточно, 89 проценти од емигрантите пристигнале од Либија.

Во извештајот на ФРОНТЕКС, исто така, се наведува драматичната промена во 2016 година во однос на 2015 година. Претходно големиот проток на емигранти се одвиваше од Турција преку Грција и преку балканските држави до Германија и до другите членки на ЕУ: „Спасувачките операции на невладините организации (во јужна Италија) значително се зголемија, за повеќе од 40 проценти од сите инциденти. Од јуни 2016 година голем број бродови биле пресретнати или спасени од страна на бродови на невладини организации, без претходен повик за помош и без официјални информации за локацијата за спасување“.

ФРОНТЕКС ја отвори можноста шверцерите да ги носеле емигрантите на море во претходен договор со бродови на приватни невладини организации, кои ги земале и ги носеле во Италија, како такси. Тоа што агенцијата на ЕУ го опишува е операција на шверц на луѓе, или операција на меѓународните криминални организации, вклучувајќи ја и ИСИС, кои се одвиваат преку бродовите со кои оперираат или се во сопственост на разни невладини организации, меѓу кои и невладини организации финансирани од Сорос.

Италијанскиот адмирал Енрико Кредендино, командант на операцијата „Софија“ против шверцерите на емигранти на ЕУ, истакна дека бродовите на невладините организации доаѓале во близина на либискиот брег за да привлечат чамци со емигранти во мракот.

– Во текот на ноќта тие користат големи рефлектори; шверцерите ги забележуваат и ги праќаат чамците (со емигранти) кон светлината. Потоа тие се носат до поголемите бродови на невладини организации за патувањето до Италија – изјави тој.Соросoвите невладини организации соработуваат со ИСИС?

Ако се потврдат италијанските истраги за финансирање бродови од страна на невладините организации, тоа ќе укаже на тоа дека неколку од нив се поврзани со фондации и со организации финансирани или контролирани од Џорџ Сорос и соработуваат со шверцерите на луѓе, во многу случаи, шверцери контролирани од ИСИС во Либија.

Во еден извештај од 2017 година, „Квилијам“, британска приватна организација, тврди дека ИСИС или Исламската држава (ИД) е вклучена во операциите на шверцот со луѓе во Италија. Во нивниот извештај се вели: „Додека некои бегалци им плаќаат на шверцерите и по 560 долари за преминување кон брегот на Средоземно Море, ИД нуди слободен премин за тие што сакаат да ѝ се приклучат … За тие што стигнуваат до медитеранскиот брег, ИД за потенцијалните регрути нуди до 1.000 долари за да ѝ се приклучат на организацијата“. Тоа не е баш хуманитарно.

Американскиот истражувач и адвокат за човекови права, Вилијам Крадик, откри дека неколку од невладините организации што раководат бродови за шверц на луѓе се под финансиско покровителство на Џорџ Сорос.

 

Меѓународна иницијатива за миграција

Соросовата Фондација „Отворено општество“, за која се вели дека добива пари од Владата на САД преку УСАИД, која се поврзува со ЦИА, исто така, ја финансира Меѓународна иницијатива за миграција, невладина организација на Соросовата Фондација „Отворено општество“ формирана во 2010 година. Јасно е дека идејата зад создавањето на Соросовата иницијатива е тоа што се одвива во Европа, како и бегалските кризи во САД. На веб-страницата на Соросовата Меѓународна иницијатива за миграција отворено пишува дека има стратегиски пристап кон коридорот и ја олеснува координираната акција во земјите од каде што потекнуваат мигрантите, транзит и дестинација. Истата веб-страница идентификува три стратегиски коридори за миграција: Азија / Блискиот Исток, Централна Америка / Мексико и Евроазија, со центар во Централна Азија во Русија. Тоа речиси звучи како нечиј голем геополитички план.

Во септември 2016 година Џорџ Сорос објави дека ќе донира 500 милиони евра за бегалците во Европа и во САД. Тој одби да каже каде и како ќе се искористат парите. Дали дел од тие пари беа наменети за финансирање модерни бродови на невладини организации што носат десетици илјади бегалци од Либија? Важно прашање за италијанските и за другите истраги.

Во август 2016 година, „Дисиликс“, американска веб-страница слична на „Викиликс“, објави 2.576 датотеки, претежно поврзани со Соросовата Фондација „Отворено општество“. Еден меморандум од Соросовата фондација што датира од 10 мај 2016 година, тврди дека бегалската криза во Европа треба да се прифати како „нова нормала“ и дека кризата значи „нови можности“ за Соросовите фондации да влијаат на имиграциската политика на глобално ниво.

migrants-eu-isis-soros-004

Сорос и планот на Меркел

Насекаде има отпечатоци од Соросовите фондации во бегалската криза во ЕУ, кои се мешаат во социјалната и во економската стабилност во Европа од август 2015 година, кога германската канцеларка Ангела Меркел изненади многумина, дури и во сопствената партија, кога изјави „Ние можеме да се соочиме со тоа“, проследено со нејзината одлука на 5 септември 2015 година да прими илјадници бегалци што дојдоа од Будимпешта во Германија, најавувајќи дека сите бегалци се добредојдени со отворени раце, без прашања, без ограничување. Повеќе од еден милион бегалци, не само од Сирија, дојдоа во Германија и во други земји на ЕУ. Додека домашната опозиција ја критикуваше Меркел, кон крајот на 2015 година Меркел гостуваше на една популарна германска телевизија каде што најави, „Имам план“.

Таа навистина имаше план, што дури и неговите создавачи го нарекоа „планот на Меркел“.

Планот беше изработен од страна на експертска група со седиште во Берлин, Брисел и во Истанбул под името Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ). Според тој план, во прилог на повеќе од еден милион бегалци од 2015 година, во 2016 година Германија требаше да се согласи да даде азил на 500.000 сириски бегалци регистрирани во Турција во текот на наредните 12 месеци.

Планот на Меркел за прифаќање стотици илјади бегалци без прашање во Германија и во другите членки на ЕУ, без ограничување на број, „новата нормала“, термин што го користи веб-страницата на Сорос „Меѓународната иницијатива за миграција“, беше, исто така, производ на мрежите на Сорос. Авторот на планот на Меркел и шефот на ЕСИ е австрискиот социолог, Гералд Кнаус. Кнаус е член на Европскиот совет за надворешни работи финансиран од Џорџ Сорос, како и соработник на Соросовата Фондација „Отворено општество“. Европската иницијатива за стабилност на Кнаус, според германскиот „Ди цајт“, меѓу другите, била финансирана од Фондацијата „Рокфелер“, германскиот „Маршалов фонд“ со седиште во Вашингтон, како и од Соросовата Фондација „Отворено општество“.

 

Рим на работ на војна

Неодамнешната експлозија на илегални бегалци во јужна Италија, потпомогната од бродовите најмени од невладините организации поврзани со Сорос и со други, не е невинo хуманитарнo дело на добриот Самарјанин. Во декември 2016 година, Вирџинија Раџи, градоначалничката на Рим, рече дека градот е на работ на „војна“ меѓу мигрантите и сиромашните Италијанци. Во јужниот дел на Италија, сицилијанската Коза ностра објави „војна на мигрантите“ во 2016 година поради известувањата дека италијанската мафија почнала да се бори против северноафриканските криминални банди што влегле во ЕУ заедно со мигрантите.

Информациите дека Соросовите невладини организации финансирале бродови за илегално шверцување бегалци или други мигранти од Северна Африка во ЕУ, во најмала рака, укажуваат дека Соросовите мрежи поврзани со Вашингтон правеле многу повеќе од добротворни дела. Тоа укажува дека Соросовите невладини организации биле барем индиректни соучесници во проекти што ја уништуваат социјалната стабилност на ЕУ, исто како што направија во Украина во 2014 година и пред тоа.

Тешко е да се избегне впечатокот дека целиот сегашен феномен со бегалците, заедно со војните на НАТО во места како Авганистан, Сирија, Либија, е дел од многу поголем и позлобен проект и дека Џорџ Сорос стои зад речиси секоја „Обоена револуција“ поддржана од Стејт департментот на САД и од ЦИА по соборувањето на Слободан Милошевиќ во Белград во 2000 година.

Не е ни чудо што фондациите и работење на „филантропот“ Сорос сѐ повеќе се под напад од целиот свет, вклучувајќи ја и Унгарија, земјата на раѓање на Сорос.

Из­вор: „Зиро хеџ“
Пре­вод: Ана Цве­та­но­ска

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This