СОРОС ИЗБРКАН ОД УНГАРИЈА: Фондацијата “Сорос” ја напушта Унгарија поради наводна “репресија” на граѓанското општество

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претходно, унгарската влада го изрази своето противење на активностите на милијардерот Џорџ Сорос и неговите организации, обвинувајќи ги за мешање во внатрешните работи на земјата.

Според извештаите, фондациите отворено општество на Џорџ Сорос ќе ја затвори својата канцеларија во главниот град на Унгарија и ќе се преселат во Берлин.

“Владата на Унгарија ја деградира и погрешно ја претставува нашата работа го потисна граѓанското општество заради политичка добивка, користејќи тактика без преседан во историјата на Европската унија”, рече Патрик Гаспард, претседател на Фондациите Отворено општество.

Унгарија е една од најпознатите антиимигрантски земји-членки на ЕУ и постојано е во судир со Европската унија за нивните спротивставени ставови во справувањето со мигрантската криза..

Унгарската влада се залагаше за усвојување на таканаречениот “Стоп Сорос-закон”, кој ќе ја забрани про-имиграциона политика во Унгарија. Предлог-законот беше доставен до парламентот во февруари.

Покрај поддршката мигрантите, милијардерот донираше средства и за проевропски групи, како што е групата “Најдобро за Британија”, која спроведуваше кампања против Брегзит.

Фондациите отворено општество на Џорџ Сорос функционира во повеќе од 40 канцеларии низ целиот свет.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This