СОРОС МУ СЕ НАСТРВИ НА ЗАКЕРБЕРГ: Сака да го тргне од Facebook

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„На Марк Закерберг не треба да му се дозволи да го води Фејсбук!“ изјави милијардерот по одлуката на Фејсбук дека нема да се меша во содржината на политичките реклами. Сорос стравува дека со слободно пуштање политички пораки, Трамп купува нови 4 години во Белата куќа.

Мега-донаторот на Демократската партија му се настрви на Закерберг по одлуката Фејсбук да ги пушта политичките реклами без претходно да прави проверка на фактите.

Милијардерот Сорос му замера на милијардерот Закерберг што го интересираат само парите и максимизирање на профитот и стравува дека на овој начин му се отвора патот на Трамп за уште една претседателска победа.

Според Сорос, неконтролираното објавување политички реклами отвора простор за конфликтни, лажни и манипулативни тврдења што тој очигледно го смета за ексклузива на противничкиот табор.

Својата политика Фејсбук ја брани повикувајќи се на слободата на говорот и објаснува дека политичките кампањи треба да ги регулира државата а не приватна компанија како неа.

Сорос е еден од многуте гласови кои се трудат Фејсбук да се редефинира и да се третира како издавач кој ќе сноси одговорност за работите кои се појавуваат на мрежата, а не само како платформа и неутрален модератор. Од разбирливи причини овие на сите можни начини гледаат да го ескивираат тој правен дамоклов меч бидејќи не сакаат да бидат криви и ако Перо од Сарамзалино во пост го навреди Ѓоко од Моноспитово.

Инаку, во пресрет на американските претседателски кампањи, социјалните мрежи заземаа различни позиции околу политичките реклами. На спротивната страна од Фејсбук е Твитер кој најави комплетна забрана за политички реклами од 22 ноември (иако подоцна направи извесни отстапки па ќе бидaт дозволени платени пораки ако се однесуваат на кауза а не на кандидат).

Снепчет е некаде на средина меѓу отворениот Фејсбук и рестриктивниот Твитер па веќе имаат формирано дедициран тим за проверка на фактите.

Пинтерест, ТикТок и ЛиндИн веќе една година се имаат откажано од политички реклами бидејќи приходот од оваа ставка и онака им е мал па не сакаат да се вовлекуваат во непотребни драми.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This