СОРОС НЕМА РЕАЛНА ОСНОВА ЗА НАПАДИТЕ: Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас, колку што знам, токму СДСМ во деведесеттите години ги тепаше Албанците кога формираа свој универзитет во Тетово, па дури кога им требаа да ги донесат на власт по 2002 година им го легализираа. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првиот универзитет на албански јазик – Штуловиот универзитет и до денес го поддржуваме преку средства од буџетот, како негово кофинансирање, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за Република.

gruevski-sredbi-640x3201

 

Сорос е остар критичар на националистичките влади. Вас Ве следи таква аура од почетокот…

Сликата за нас дека сме националисти е искривена и невистинита. Под зборот националисти тие сакаат да нѐ прикажат како шовинисти, луѓе што освен што ја сакаат својата нација, сакаат да ѝ наштетат на друга или ја мразат, не гледајќи ги припадниците на другата нација како луѓе и човечки суштества, туку само како дел од некоја етничка заедница или држава. Национализмот, традиционално, се смета за приврзаност кон својата земја, а во последно време, од некои кругови, добива негативна конотација. Шовинизмот е омраза кон другите. Значи, Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам, на влада и партија што е мултиетничка, земја во која има соживот и толеранција. Тоа ВМРО-ДПМНЕ ниту било, ниту сега е. Тоа не сум јас. Никој не може да знае подобро за мене од мене самиот. Но, не се сомневам дека цицачи на пари од Сорос ни направиле таков портрет и дека повремено, со полуинформации, со дезинформации, со извртени информации, како што прават во нашата јавност, го дополнуваат и кај него.

Со оглед на тоа дека кај нас овој збор најчесто се користи во смисла на меѓуетничките односи и релации, ќе се осврнам и ќе аргументирам во тој дел. Јас, колку што се сеќавам, токму партијата што Сорос индиректно или директно ја поддржува, СДСМ, токму таа партија во деведесеттите години ги тепаше Албанците во Гостивар поради поставување нивно знаме пред општината и ги затвори политичарите што го направија тоа. И, колку што знам, токму ВМРО-ДПМНЕ ги ослободи тие политички затвореници и донесе Закон за употреба на знамињата на етничките заедници со кои се овозможи нивна легална употреба. Јас, колку што знам, токму СДСМ во деведесеттите години ги тепаше Албанците кога формираа свој универзитет во Тетово, па дури кога им требаа да ги донесат на власт по 2002 година им го легализираа. ВМРО-ДПМНЕ го поддржа првиот универзитет на албански јазик – Штуловиот универзитет и до денес го поддржуваме преку средства од буџетот, како негово кофинансирање.

Згора на тоа, поддржавме уште еден нов универзитет, кој ќе биде доминантно на албански јазик во Скопје, а ќе се учи и на македонски и на албански јазик, Универзитетот „Мајка Тереза“. Кога се гласаше во парламентот за Тетовскиот универзитет во 2004 година остро се спротивставивме на фактот што се гледаше дека се прави без да се внимава на квалитетот на универзитетот. Денес тоа околу квалитетот е повеќе од јасно и никој не го спори, особено не по националното рангирање, кое го прави една од најпознатите меѓународни институции во светот, од што се гледа дека на тој универзитет има многу работи да се поправат кај квалитетот, што е, пред сѐ, во интерес на Албанците во Македонија бидејќи тие ако се со помало знаење ќе бидат помалку конкурентни на пазарот на работна сила. Но, во интерес е и на Македонците, за да имаме поконкурентни сограѓани Албанци и да се бориме со идеи, знаење, а не со примитивни нешта и за заеднички да бидеме меѓународно конкурентни како држава. Лично, со голем ентузијазам ја промовирав одлуката за новиот Универзитет „Мајка Тереза“ во Скопје, иако првите чекори што се направија потоа во правец на основањето, откако јас излегов од владата, не ветуваат дека ќе биде поквалитетен од Тетовскиот универзитет. Но, со оглед на тоа дека е во рана фаза, сѐ уште има некои можности за подобрување ако има политичка волја за тоа. Мојата желба и план беше да се направи меѓународно конкурентен универзитет, елитен во смисла на знаењето и на вештините, а не втор Тетовски универзитет. Не им се прави услуга на Албанците ако се направи уште еден универзитет со ниски стандарди и квалитет. Но, за тоа во друга пригода. И да се навратам на почетокот на прашањето. Каде е тука сликата на национализам и на шовинизам што сакаат да ја изградат за нас и по што Сорос би заклучил дека сме такви. Нема реална основа за ништо од ова.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This