СОРОС НЕ ГО ДАВА ЗАЕВ: Владата на Заев и фондацијата на Сорос договорија соработка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фондацијата Отворено општество – Македонија и Генералниот секретаријат на Владата денеска потпишаa меморандум за соработка во кој се воспоставуваат основите за транспарентен и доверлив модел на системот на државно финансирање на граѓанските организации, што воедно е и стратегиска цел на Владата утврдена .

Како што соопштија од Фондацијата, нивната стратешка определба е поддршката на државните реформи во повеќе клучни области кои се од стратешка важност за Фондацијата, вклучувајќи ја и поддршката за реформите кои ќе обезбедат унапредување на условите за развој на граѓанското општество.

Во рамките на оваа соработка, Фондацијата Отворено Општество – Македонија ќе го поддржи, ќе учествува и ќе го координира процесот на подготовка на анализа за финансиската поддршка на здруженијата и фондациите од Буџетот на РСМ во 2017, 2018 и 2019 година со компаративна анализа на моделите за државно финансирање од другите земји од Западен Балкан и ЕУ, се наведува во соопштението.

Од Фондацијата појаснуваат дека во изработената анализа ќе биде даден предлог со опции на модели за воспоставување единствен фонд за институционален развој на граѓанските организации и за кофинансирање на ЕУ проекти во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This