СОСЕДСТВОТО СО BOHPEДНИ ЕКОНОМСКИ МЕРКИ: Словенија со три милијарди евра ќе ја помага економијата, Србија со пет милијарди евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Србија подготвува пакет-мерки од повеќе од пет милијарди евра за закрепнување на економијата погодена од коронавирусот, а Словенија за таа намена ќе издвои три милијарди.

На малите и на средните претпријатија во Србија ќе им се исплатат минимални плати за три месеца, а се размислува и за еднократна парична помош од по сто евра за секој полнолетен граѓанин.

Истовремено, нема да бидат намалени платите во јавниот сектор, како ни пензиите, изјави претседателот Александар Вучиќ за ТВ Прва.

Плаќањето на даноците и на придонесите, како и аконтацијата на данокот на добивка, ќе биде одложено за следната година.
За ликвидноста на средните претпријатија, а посебно на малите и на микро фирмите, банките ќе вбризгаат две милијарди евра преку гарантниот фонд. Државата ќе биде гарант три години.

Новиот словенечки премиер Јанез Јанша, пак, најави „корона закон“.

Ваков закон никогаш не е донесен во Словенија. Мерките од новиот закон ќе важат откако Собранието ќе го потврди. Со мерките ќе ги спасиме луѓето, економијата и нашите животи – изјави Јанша претставувајќи го законот.

Сите самовработени, кои поради епидемијата не можат да остварат соодветен приход, ќе добијат помош од 700 евра, а државата ќе им ги плати и придонесите.

Помош од државата од 150 евра ќе добијат и сите редовни студенти во Словенија.

Додаток на плата од 100 евра ќе добијат и семејствата со три деца, а оние кои имаат повеќе ќе добијат државна помош од 200 евра месечно.

Државни пари на сметка ќе добијат и пензионерите, а висината ќе зависи од тоа колкава им е пензијата. Оние со најниски пензии до 500 евра ќе добијат 300 евра помош, тие до 600 ќе добијат 230 евра од државата, а на оние со пензии над 700 евра им следуваат 130 евра помош.

За да се зачуваат работните места, државата од компаниите го презема плаќањето на придонесите за сите вработени, кои поради намалениот обем на работа ќе бидат испратени дома на таканаречено „чекање“, односно седат дома.
Дополнително, здравствените трошоци за време на епидемијата целосно ќе ги покрива Фондот за здравство, а не работодавачот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This