March 29, 2024, 10:28 am

СОСТАВЕН ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ: Дали опасноста од промаја е само балкански мит?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можеме ли да се разболиме од неа или тоа е само мит?

Оваа интересна дилема ја отвори лани Коди Браун, блогер на страницата zablogreb.hr кој живее во Хрватска, а по потекло е Американец. Во интересен и духовит осврт тој се пожали на феноменот „страв од промаја“ за кој тврди дека е составен дел од животот во Хрватска, но и во најголемиот дел од Балканот.

„Ветерот кој дува од едниот крај на станот до другиот или ладниот ветер во облачни денови може да предизвикаат бројни болести. Промајата е одговорна за сите болки во мускулите, главоболки и настинки со инфекции или дури и воспаление на мозокот“, истакнува Браун во текстот наречен „Промаја или голем културен јаз меѓу нас“.

Браун вели дека тој и неговите пријатели Американци кои се навикнати да спијат со отворен прозор и традиционално сакаат ветер, никако не можат доволно да се изначудат и да се изнасмејат на стравот од промаја кој им се чини како некое балканско празноверие.
Но, дали промајата е само балкански мит или е сериозна закана за здравјето?
Ако се обидете на Интернет да пронајдете текст за последиците од промаја ќе ви се отворат исклучиво алтернативни страници за киропрактичари, акупунктура и слично. Тешко дека ќе најдете некој сериозн медицински магазин кој се занимава со промаја.Професор доктор Симеон Грацио и уредник на магазинот Физикална и рехабилитациска медицина има објаснување зошто е тоа така:

„Нема научни докази дека постои последнична врска меѓу промајата и болките во грбот, вратот и слично. Некои луѓе може да го тврдат спротивното врз основа на лични искуства, меѓутоа кога зборуваме за медицина заснована на докази тука има најнизок степен на докажување. Во стручните магазини може да се објават статии за нив, како приказ на случаи, но тоа е премал број на таканаречени докази за да може да се зборува за причинско-последична врска“.

Може ли да настинеме од промаја?

Ако им веруваме на експертите, промајата нема да предизвика главоболки, воспаление на мозкот и слично. Но, можеби има нешто вистина во тоа дека човек на промаја може да настине или евентуално да добие воспаление на белите дробови?
Примариус доктор Рок Чивљак вели дека ни тој мит не е точен:„Промајата дефинитнвно не предизвикува заразни болести. Настинката ја предизвикуваат вируси, тоа нема врска со промајата. Тоа се коси со сите начела на нашата струка. Можеби промајата ќе ги разнесе вирусите од тлото и така ќе го контаминира воздухот, но никогаш не сум слушнал дека постојат научни докази за тоа. Може само да се погодува“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This