Состанок за 100 приватни кревети и персонал под државен надомест

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за здравство Венко Филипче по состанокот кажа дека со сопствениците на приватните болници „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“ се договорил да обезбедат 100 кревети за пациенти со Ковид-19.

Пациентите, како што кажа Филипче, ќе бидат сместени во старата болница на „Систина“ – „Мала богородица“, а опремата и кадарот ќе го обезбедат приватните болници, за што ќе добијат надомест од државата.

„Постигнавме договор и обезбедивме капацитет од дополнителни 100 кревети и тоа се ресурси кои што државата ќе ги користи од приватните болници. Заеднички се договоривме тоа да биде болницата ‘Мала Богородица’, старата болница на ‘Систина’, каде што можат да сместат 100 пациенти. Целосно ќе биде опремена од сите приватни болници со нивни заеднички договор и оттаму ќе биде обезбеден и кадар и материјали за работа. За тоа ќе добијат соодветен надоместок од државата, согласно постојните закони“, изјави Филипче.

Министерот за здравство очекува 100-кревети да бидат на располагање некаде на крајот на неделата, а кажа дека дотогаш и во државните болници ќе има сосема доволен број на слободни кревети.

„Таму треба да се инсталира кислород и да се донесе опремата која што физички не е таму. Секој ќе партиципира согласно можностите, големината и капацитетите. Тој број на кревети верувам дека во следниот период ќе биде сосема доволен оваа криза да се изменаџира“, додаде во изјава по состанокот Филипче.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This