March 29, 2024, 12:10 pm

СОСТАНОК НА МИНИСТРИТЕ НА ЕУ: Се разговара за напредокот на земјите од Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни и европски работи на земјите членки на ЕУ денеска во Луксембург ќе разговараат за напредокот на земјите од Западниот Балкан и проширувањето. Министрите, меѓу другото, треба да решат дали и кога Македонија и Албанија ќе ги започнат преговорите за членство во ЕУ, како што препорача Европската комисија на 29 мај.

Одлуката што ќе ја донесат министрите денеска потоа ќе треба да биде потврдена од страна на шефовите на држави и влади на ЕУ на Европскиот совет на 20 и 21 јуни во Брисел.

Довербата во процесот за проширување на ЕУ ќе претрпи голема штeта ако веднаш не почнат преговорите за пристапување на Македонија и Албанија, порача вчера високата претставничка на Унијата за надворешна и бeзбедносна политика, Федерика Могерини.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This