April 25, 2024, 12:47 am

СОСТОЈБАТА ВО ГРЦИЈА CEPИОЗНА: За четири месеци пристигнале околу 40 илјади бeгaлци и мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последните четири месеци имавме околу 40 илјади пристигнувања, вели алтернативниот министер за цивилна заштита на Грција, надлежен за миграциска политика, Јоргос Кумуцакос во интервјуто за утринската информативна емисија на грчката телевизија „Скај“.

Кумуцакос истакна дека мигрантското/бегалското прашање е големо, а во овој момент постои „експлозивна мешавина“ на околности што ги зголемува пристигнувањата во Грција.

– Од 15 јули Турција ја смени политиката во мигрантското прашање, станува многу потврда особено кон оние 500-600 илјади што се во Истанбул, кои сака да ги префрли во областите каде што беа. Овие луѓе не се прилагодуваат, не ја следат оваа политика и побрзаа кон западното турско крајбрежје. Ова е еден извор. Сирија продолжи да праќа. Авганистан што е во ужасна ситуација, продолжи да праќа луѓе и преку Иран, а во исто време, односите на Ердоган со Европа беа многу лоши. Беше експлозивна мешавина, останува експлозивна и затоа, како што имаме сите кажано, а и премиерот, прашањето е големо, тука е и ќе остане тука, рече Кумицакос и порача дека е потребна издржливост и обединетост за прашањето, за кое рече дека има национална димензија.
Алтернативниот министер за миграциска политика изрази надеж дека со новиот закон за азил што Парламентот во четвртокот го изгласа и тоа со зголемено мнозинство „ќе има многу повеќе враќања кон Турција и други земји“. Паралелно, во интервјуто говореше и за тоа на каква ситуација наишле кога дојдоа на власт пред четири месеци.

– Владата на почетокот на јули кога дојде на власт презеде систем во апсолутно хаотична ситуација, што се однесува на мигрантското/ бегалското прашање. Знаевме дека е така, но никој не можеше да ја знае големината на проблемот и дека постојат десетици илјади, 70 илјади неразгледани барања за азил. Ова не го знаевме. Затворена е нашата северна граница, затворена е балканската рута, а од исток влегуваат луѓе. Хаотична ситуација, рече Кумуцакос во интервјуто за ТВ „Скај“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This