Состојбата вo Албанија: Peгиcтpиpaн 661 нoвoзapaзeн, пoчинaa 13 пaциeнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во последното деноноќие во Албанија забележано е благо намалување на бројот на новозарзени со Ковид-19, но помал е и бројот на тестирани сомнителни случаи.

-Од тестираните 2.108 сомнителни случаи опасниот вирус е дијагностициран кај 611 што е 30,2 отсто од тестираните. Во списокот на оздравени се впишани 505 лица, додека битката со опасниот вирус ја изгубија 13 пациенти на возраст од 38 до 82 години, информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.

Министерството апелира до граѓаните и деловните субјекти да бидат внимателни и строго да ги почитуваат утврдените мерки и протоколи.

Ги советува граѓаните при појава на симптоми на опасниот вирус веднаш да се јават кај матичниот лекар, да не се чека болеста да напредне, туку според оценката на лекарот да се хоспитализираат во една од болниците.

-Од почетокот на март досега направени се 223.784 тестови, позитивен резултат е добиен кај 49.101, оздравеле 25.850, починале 1.016, додека активни на болеста се 22.850 лица. Во четирите ковид болници хоспитализирани се 433 пациенти, 24 на интензивна терапија, додека 11 се интубирани, наведува минстерството.

Порад пендемијата од Министерството за образование, спорт и млади најавија продолжен зимски распуст, како и дополнтелни продолжени одмори, за што ќе се одлучува деновиве.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This