СОСТОЈБАТА СО ОХРИДСКО ЕЗЕРО АЛАРМАНТНА: Критично ниско нивото на Охридското Езеро, се заканува масовен помор на риби

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Итни мерки за спречување на натамошно намалување на водостојот на нивото на Охридското Езеро, побара денеска Општината Охрид од надлежното Министерство за транспорт и врски. Негативните последици од нискиот водостој особено се изразени во Студенчишкиот канал каде се забележува недостаток на кислород што се забележува во однесувањето на рибата.


Во дописот до Министерството се истакнува дека намалениот водостој на Езерото се заканува да прерасне во посериозен проблем што се заканува да предизвика сериозни последици по рибниот фонд. Експертите истовремено посочуваат дека рибата поради нискиот водостој излегува на површина и наскоро може да се случи масовно да угинува поради недостаток на кислород.

Во неколку наврати и еколошките активисти побараа да се стопира испуштањето вода од езерото.

За превенирање на посериозни последици, Општината веќе спроведе одредени активности, преку исклучување пумпите за вода од каптажата „Билјанини Извори“ наменети за потребите на ЈП „Водовод“ и пренасочување на водата во Студенчишкиот канал.

Проблемот со водостојот на езерото дополнително го усложнуваат неповолните временски околности, односно сушниот период без најави за врнежи.

Недоволното количество свежа вода во Студенчишкиот канал, односно ниската концентрација на кислород, се манифестира со вознемиреност кај рибата и нејзинотo невообичаено однесување, а истото може да води до асфикација односно задушување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This