Состојбата co Koвид-19 зaгpижувачкa…: Пoчинaa двe лицa вo тeтoвската бoлницa, cитe хocпитaлизиpaни ce нa киcлopoднa пoддpшкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изминатите 24 часа во тетовската болница две лица на 56 и 86 години починале од КОВИД, а сите болни кои се хоспитализирани се на кислородна поддршка.

-Имаме вкупно 116 хоспитализирани луѓе и сите на се кислородна поддршка. Речиси сите се невакцинирани, односно само шестмина примиле само по една доза. Јас би ги замолила сите да се вакцинираат, ова е единствен начин да се заштитиме од оваа пандемија. Сите овие изминаите денови имаме смртни случаи, информира Миранда Пајазити од КОВИД-центарот.

Во последните 24 часа имало 99 прегледи и контроли во амбулантата на КОВИД-центарот во Тетово.  Во саботата и во неделата во седум часот наутро при 24-часовниот пресек на состојбите, евидентирани се по пет починати или 12 вкупно за овој викенд.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This