СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Забрана за движење на повеќе патни правци и предупредување од АМСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се воведува забрана за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар-Маврово-Дебар, од 06:30 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места има остатоци од кашeст снег.Снег со слаб интензитет провејува во Дебар, Маврово, Стража, Пресека и Струга. кој во моментов не се задржува на коловозот.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете тука.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This