Состојба на патиштата: Изменет сообраќаен режим на неколку патни правци во земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во петок, 30.10.2020, ќе се започне со изведување на градежни работи на патниот правец А2 Кичево – Охрид, поточно на делницата помеѓу с. Климештани – с. Мешеишта, каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Овој изменет режим на сообраќај ќе трае се до завршување на градежните работи.

Г.П Илинден – Струга известува дека на ден 30.10.2020(петок) од 07.00 часот на патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – Песочан, кај с.Врбјани ќе започне со изведување на градешни работи на пат(асфалтирање на риголи), каде ќе има изменет времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This