СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Пpeкин на сообраќајот кон браната Калиманци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈОТ: Ј.П. Македонија пат известува дека патниот правец с.Истибања – брана Калиманци (км.259+300) е затворен за сообраќај за сите категории на возила со записник. Сообраќајот ќе се одвива по алтернативни патишта.

За патнички и полутешки моторни возила сообраќајот ќе се одвива преку Виница –Бигла – Делчево
За тешки товарни возила преку Виница – с.Смојмирово – Делчево

Од 01.07.2019 година, започнаа викенд забраните за тешките товарни возила на државните патишта, како и на патниот правец Скопје – Охрид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This