СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Укинати сите забрани за движење на тешки товарни возила, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите забрани за сообраќај за тешки товарни возила се укинати.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, во западните и југозападните делови од државата на некои повисоки места наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Маврово и на планинскиот превој Стража. Во Гостивар врнежите се од дожд и снег.

НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ: Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 60 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, до 50 метри на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево и до 100 метри во Крушево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти март 2018 година. Повеќе детали за зимската опрема ќе најдете тука.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This