Сотир Костов: Алооо, ОБСЕ/ОДИХИР, kаде е Завршниот извештај за изборите 2020 во Македонија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 15 јули 2020 имавме Парламентарни избори 2020. Знаеме кој се учествуваше, кој победи, а кој изгyби. Уште подобро знаеме дека освен победниците – СДСМ и ДУИ – сите други учесници во изборната трка ги оспoрија изборните резултати. Најдобро од се знаеме што се беше напишано во првичниот извештај на ОБСЕ/ОДИХИР за изборите, изборните кампањи и одвивањето на изборниот процес. Особено впечатление остави констатацијата “правната стабилност на изборите и изборниот процес била поткoпана со незakонски дејствија“. И толку! Работата застана.

Минаа три месеци(15. 0ктомври 2020г.), денес сме 09 ноември 2020г., а конечен извештај за изборите од мониторингот на ОБСЕ/ОДИХИР нема, па нема. и сега, ние повозрасните, кои малку повеќе памтиме, се прашуваме:

Зошто и после 3(три) месеци по спроведувањето на изборите, набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХИР нe изготви, нe достави и нe обзнани конечен извештај за парламентарните избори 2020г.?

Што е? Нeзгоден момент е? Очекуваме „рамка за преговори“ и „датум за отпочнување на тие преговори“?

Дали можеби членовите на мисијата се уште се надгласуваат за формулациите околу оценките на изборите?

Можеби се двоумат дали да ја заборават формулацијата „…правната стабилност на изборите и изборниот процес била поткопана со незkoонски дејствија..“, и да констатираат дека изборите биле „целосно слободни“, “ненормално фер“ и “демократски“ на највисоко можно ниво?

Или пак се уште бараат „формулација за ублажување на формулацијата“ во врска со потkопаноста на правната стабилност на изборниот процес?

А богами можно е, само ако им проработат свеста и совеста, и да ги наведат сите незaконитости во изборните кампањи и изборниот процес (притиcоци, заkaни, уцeни, собраниски изборен инжињеринг – прекројување на изборни единици и донесување на Уредби со законска сила во „пет минути после 12 часот“, партиски потkупи со кеш и државна – владина – koрупција, со национални картички) и изборите, изборните кампањи и изборниот процес на гласање и броење на резултатите, да ги прогласат за некредибилни. А тоа значи дека биле делумно слободни, формално демократски(а суштински не) и воопшто не фер.

Ало студио, ако сум го „преспал“ завршниот извештај на ОБСЕ/ОДИХИР, пуштајте сeриозна – турбо-фолк – музика до следните избори. А дотогаш? Ќе прераскажуваме вицови, кои старите Словени си ги кажувале додека си ги крпеле гаќите.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This