April 19, 2024, 12:52 am

СОТИР КОСТОВ: А сега, сите МАРШ… на марш!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Драги мои Македонци! Вчера манипулаторите, измамниците и фалсификаторите го истрчаа последниот круг на ненародното владеење. Конечно, Собранието на Република Македонија се самораспушти. Сполај му на Господ. Има надеж за нас Македонците и Македонија. Тоа се предвремените парламентарни избори закажани за 12 април, 2020 година. На тој ден неговото величество граѓанин-избирач ќе одлучува на кого ќе му ја довери власта. Смешно е што оваа забегана политичка елита која вчера демисионираше, одозгора на тога, денес ќе маршира на маршот за правда. Дали тоа значи дека во Македонија нема правда¬? Дали тоа значи дека тие со своето владеење нанесуваа неправда? Мора да признаеме работите овде се чудно поставени. Тие, кои во изминатите три години на Република Македонија и Македонците им ја нанесоа најголемата неправда, денес непредизвикани од никого и од ништо ќе маршираат за правда. Да се чудиш, да не можеш да се изначудиш. Политички Минхаузени и бедни Донжуани на политичките манипулации, одеднаш, или откако ја истурија сета неправда врз Македонија и Македонците ќе маршираат за правда. Не бива, не држи, не пие вода и секако не поминува. Еве и зошто.

Повеќе од три години сееја политичко насилство и правно го силуваа Уставот на РМ, Законите и Деловникот на Собранието на РМ. Така, избраа Претседател на Собранието на РМ прекршувајќи ги сите одредби на Деловникот на истото, Законот за Собрание и Уставот на РМ. Истото се случи и кога го менуваа Уставот и името Република Македонија. Одозгора на тога извршија невидени уцени, страшни закани и сурово насилство врз затворени пратеници, кои ги довлечкаа во Собранието и им наредија како да гласаат. Добија петка и не го положија испитот по право и кога избираа јавен обвинител на РМ. При гласањето не собраа доволен број гласови, па Таљо го поништи гласањето и без повторна законска процедура овозможи ново гласање – спротивно на Деловникот, незаконско и противуставно. И конечно ни ја приредија најголемата законодавна инфлација, невидена во светски рамки, шверцерски, насила, збрда здола Собранието на РМ изгласуваше закони, штанцајки ги во секоја наредна секунда по еден, со што се претвори во Гутенберг-принт Собрание. Како почнаа така и завршија па системскиот Закон за ЈО не го изгласаа бидејќи имаше само 74 гласа за и 32 гласа против. Ама тука е семожниот Таљо, кој го поништува гласањето, со што внесува нов непознат правен, законски, деловнички и уставен институт – поништување на гласање во Собранието, што до изборот на овој состав на Собранието беше непознат, а за овие три години мандат на овој состав на Собранието на РМ, редовна практика. Се разбира, одозгора на тога се спроведе незаконско второ гласање и се си дојде на свое место – 80 гласа за, шест против, суетата на Заев е нахранета, море и прехранета и шоу (циркус) маст гоу он.

А сега ајде да видиме што ветија а што испорачаа: Ветија правда, испорачаа неправда. Ветија едно општество за сите, на дело создадоа поделено општество, на власт дојдоа со воениот повик живот за сите, за нив создадоа удобен живот, а за граѓаните сиромаштија, мизерија и контејнери. Од ветеното подобро образование ни остана катастрофално образование, замисленото им подобро здравство го претворија во хаос, опустошено здравство и доктори емигранти. Ветената департизирана и деполитизирана администрација ја направија до максимум партизирана. Се фалеа ќе се справеле со загадувањето, а не труеја со домашен и увозен штетен отпад, а на крајот и со медицински отпад. На сет глас извикуваа криминалците ќе ги казнат, а коруптивните појави ќе ги сузбијат (нулта толеранција), но тие самите станаа корумпирани и криминалци. Од ветената целосна гасификација на Македонија, ни трага ни глас, ниту пак е на повидок. Можете ли да замислите и акцијата мој ДДВ, ја наместиле. Само одбрани добивале награди.

Да заклучам: ги изневерија националните интереси; го опустошија здравството; го раздробија образованието; културата ја претворија во национален срам; пензионерите ги лажеа и сеуште ги лажат како мали деца; вистинската социјална политика ја направија партиска само за свои членови; земјоделците изиграни-без зголемени субвенции, нема зелена нафта, нема бенифициран работен стаж и нема намалено ДДВ за ветеринарно медицинските препарати; системот на безбедност го сведоа на уценувачка политика на брачниот пар Ременски; судството им е “најсветла точка“ – за пред ЕУ е реформирано стручно и независно, а во суштина е во загрижувачка мера уценето и рекетарско. Забележувате инвестиции и економија нема, па затоа што навистина нема. И сеа, шо ни оставија¬? Ни ги оставија македонските новинарски нарикачи, позиционирани и репозиционирани во “независниот печат“, “слободниот печат“ и во јакобинските студија за топ теми, анализи и македонски инсајдери. И за крај, одозгора на тога гратис, или како ол инклузив во Рекет-пакетот ги добивме Боки, Кики, Фрики, Заки, Трики, Раки, Шеки, Жаки, Џеки и многу други такви или слични рекетарски пудли. Било и непоновило се. Толку.

Пишува: Сотир Костов

П.С.
Ауууу заборавив….. и сега кој ќе маршира? За што ќе марширବ? За каква правда ќе маршира? Студио: а кој ќе купува боја? Кој ќе блуе боја? Црна боја ќе има ли? Ало, алорааа: Дуче че маршира. МРАК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This