April 19, 2024, 11:20 am

(Видео) Сотир Костов зa пoпиcoт: “Beтoтo нaвлeзe и вo пoпиcoт, пa кaкo e тoa мoжнo? – зaкoнoдaвeцoт им вeли или ќe ce пoпишyвaтe или ќe вe kaзнyвaмe”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната емисија на Инфомакс, “Неделен Брифинг”, домаќинот Сотир Костов и новинарот Милош Милошевски анализираа во однос на пописот, каде наместо тој процес да се спроведе со европски стандарди, народот е повторно уплашен од енормните казни.

“Ветото навлезе и во пописот, па како е тоа можно? Па дајте бре млади луѓе да се буниме. Не може при пребројување да има политика! Треба да има европски стандарди на пребројување на сите едници во една држава – економски, социјални правни, политички, образовни, здравствени. Тоа е закон кој содржи драконски казни. Пак ги плашиме обичните луѓе. Законодавецот им вели или ќе се попишувате или ќе ве казнуваме. Драконски по џебот за поголема сиромаштија…” – истакна Сотир Костов.

На напоменатото, Милош Милошевски се надоврза, каде напомена дека пописот, за жал, ќе биде однапред договорен, односно ќе имаме попис со политички консензус.

“Она што е важно да се напомене и кое што е уште еден факт кој што оди во прилог е дека пописот е однапред договорен, односно бројката која што ќе се појави на пописот е однапред договорена е актуелната вест од вчера, во која што Али Ахмети посочува дека нема начин на кој што албанците ќе бидат под 25 проценти на пописот. Дополнително во прилог на ова и врзаниот потпис кој што го има претседателот и заменик-претседателот на Државна Статистика. Така да дефинитивно имаме однапред договорен политички процес, а не попис, односно попис со политички консензус.” – се надоврза Милошоски.

Видео линкот може да го погледнете тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This