March 28, 2024, 12:18 pm

СОТИР КОСТОВ: Со Законот за јазици се задира во идентитетот на македонските граѓани

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во синоќешното издание на „Отворено студио“ на Телевизија Нова со новинарот-домаќин Наум Стоилковски се дебатираше на темa’ Вистинската загриженост од Законот за јазици?“Професорката Јованка Кепеска изјави дека погрешно се толкува определбата во Уставот за тоа што е службен јазик којшто се однесува најмногу за локалната самоуправа односно за користењето на јазикот во државната власт.

– Уставот се толкува дека тоа е опредлеба, норма која што може да се прифати дека значи и употреба на јазикот во целокупната држава. Македонската нација е титулар на оваа држава и следствено на тоа и нејзиниот јазик. Меѓутоа, со ваквата претенциозност, упорност, индоктринација, политичко пазарење за политички мир се доведува во прашање токму определбата на македонската нација како титулар – вели Кепеска.

А историчарката Наташа Котлар – Трајкова процесот на идентификација во историското време, издвојувањето од другите или она што е познато кај нас како преродбата почнува со најголема доминација на името, територијата на која што живеат луѓето, создавањето на економски врски во одредено историско време. Ако ги следиме тие врски, вели таа, ја пратиме трансверзалата од Север кон Солун и она што се вели денеска пирински дел на Македонија кон Запад односно кон Албанија и територијата што сега е нивна. Тоа е така, смета Котлар – Трајкова поради тоа што тоа беше интерес на големите сили.

Додека пак поранешниот Јавен обвинител Сотир Костов и колумнист вели дека нема историски услови и причина за воведување на двојазичност или пак и повеќе јазичност во Република Македонија.Овој Закон доколку е уставно заснован, а не е, ги кине рамките на Охридскиот договор.Да не заборавиме тој договор е рамковен, а што Заев од Швајцарија ни порача дека ова 21 век и дека ќе ги крши рамките, тогаш ова е фактурата која ни ја испорача – вели Костов.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This