April 19, 2024, 11:02 am

СОФИЈА ГИ ИСПОРАЧА БАРАЊАТА: Македонскиот идентитет ќе биде cpoзен, Бугарија постави дeбeли „цpвени линии“ за Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарската влада го прифати пакетот „Проширување“, вклучувајќи ги сите услови на државата кон Македонија. Ова го соопшти вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева, по завршувањето на владината седница.

-Бугарија го поддржува започнувањето преговори за членство на Република Македонија и Албанија во ЕУ, со јасно поставени услови, изјави Захарива.
Таа подвлече дека одвојувањето на двете држави би било грешка, што може да доведе и до нестабилност на регионот. Од зборовите на Захариева станува јасно дека во однос на Република Македонија, бугарската влада и држава, признавајќи ја прва новата држава, тогаш Република Македонија, секогаш ја поддржувала европската и евроатлантската интеграција на државите од Западен Балкан.

-Република Македонија треба да ја суспендира и да се воздржи од спроведување политика, независно под каква форма, на поддршка и подгревање на претензиите за признавање на македонско мљалцинство во Бугарија. Република Македонија безрезервно и итно да ја усогласи својата позиција и активностите во меѓународните организации, на пример во Советот на Европа, и форми, во согласност со чл. 11 од Договорот за добрососедство, и јасно да декларира дека нема историски и демографски основи за да се бара малцински статус, посочи Захариева.

Меѓу другите услови Македонија треба со вербална нота до земјите-членки на ООН да изјави дека во однос на јазичната клаузула во целост го исполнува договорот со Република Бугарија.

-Тоа е двостран договор, како и Договорот од Преспа, изјави Захариева.

Исто така, Република Македонија ќе треба да спроведе процес на рехабилитација на жртвите на југословенскиот комунистички репресивен режим, репресирани заради бугарската самосвест.

Република Македонија треба од таблите и натписите врз споменици и спомен-плочи, да ги отстрани текстовите, што содржат отворена омраза кон Бугарија. Заедничката експертска комисија треба да постигне конкретни резултати во однос на важни личности и настани од заедничката историја во периодот до 1944 година-Гоце Делчев, Илинденско-преображенското востание, да ги смени информативните табли и други ознаки врз историски монументи и споменици на културата.

Бугарија ќе бара почетокот на преговорите на Македонија да биде со главата 35 при што ќе бидат поставени јасни позиции, услови и рокови, што ќе мора да бидат исполнети. Тие ќе се однесуваат на учебниците по историја, бугарски јазик и географија.

-Македонија продолжува кон ЕУ како играч со жолт картон, но Бугарија го држи црвениот. Бугарија нема да го спречува започнувањето на преговорите, но тие може да бидат долги. Гледате Турција колку години преговара, надополни вице-премиерот и министер за обрана Красимир Каракачанов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This