СОФИЈА КУНОВСКА БАРА МАЖ КОЈ ЌЕ ГИ СТИШИ ЏАМИИТЕ: Сеуште нема реакција од партиите на апелот на Софија Куновска за стишување на џамиите!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали поради продолжениот празничен викенд, но засега нема реакции од партиите по апелот на екс-пратеничката на СДСМ која преку Твитер апелираше идните градоначалници на поведат малку повеќе грижа за сонот на граѓаните кои секојдневно, по неколку пати, се атакувани од неконтролиранте децибели кои кои ги емитираат моќните разгласи поставени на џамиите.

Има некое човеково право што обезбедува мирен сон од атак од оџи во 5.20 сабајле -напиша Софија Куновска на Твитер, но позитивни и негативни реакции доби само на социјалните мрежи.

Нема релевантни податоци за бројот на џамии во Република Македонија. На крајот на 2011 година, имаше проценки дека нивниот број е околу 580, и таа бројка стои и денес на сајтот на Википедија. Но, според текст на МКД.МК од 2013-та, повеќе од 350 џамии биле изградени во Македонија во последните десет години. Само во главниот град и неговата околина имало дваесетина нови џамии.

Колку од тогаш е сменет религискиот пејсаж, тешко е да се каже, но со оглед на засилената динамика на градење, Македонија е на добар пат да го надмине бројот на исламски верски објекти во една Албанија со 2.8 милиони жители каде има 810, и Косово со 1.8 милион жители каде според податоци од 2016-та имало 800 џамии.

Софија Куновска потсети дека практикувањето на верата треба да остане во сферата на приватното и потребна е малку почит кон секој различен како и скромност во практикувањето на било кој религиозен ритуал со што нема да бидат вознемирувани останатите. Да потсетам, напиша таа, Македонија е секуларна држава.

Атакот врз Скопје е најзабележлив. Во градовите од Западниот дел од Македонија гласните оџи се веќе фолклор, а џамиите во Штип и Валандово на истокот, на пример, засега се доживуваат како куриозитет.

Темата за која проговори Куновска е жешка, особено пред локалните. Но, никаква реакција нема од оние кои ги именуваат и кои ги финасираат кампањите за идните гратски татковци и кандидатите за општински совети пред локалните ибори што ќе се одржат на 15 октомври.

Без намера да предвидуваме, од партијата која го предложи Петре Шилегов за иден градски татко на Скопје, нема да биде неочекувано да одговорат во стилот дека за тоа прашање ќе биде отворена дебата и дека нема да реагираат со излитената фраза дека некои прашања не заслужуваат одговор.

Од штабот на градоначалникот на главниот град Коце Трајановски кој ќе трча за трет мандат, и од неговата партиска база, веројатно преќутно ќе се протурка тезата дека прегласното пеење на оџите е – стекнато право.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This