СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ ПО ОДГОВОРОТ ОД ТЕХЕРАН: Граѓаните го направија Дане резил, навистина треба да си ја гледа својата работа, тој не е претставник на македонскиот народ и нација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорката Тања Каракамишева на својот Твитер профил ја сподели реакцијата на официјален Техеран на заканите кои ги упати кон Иран, советникот на Зоран Заев, Дане Талевски.  Наместо свој коментар Каракамишева сподели само цитат кој многумина го протолкуваа како персиска потврда за историскиот континуитет помеѓу Македонија на Александар и денешната Република Македонија во која сите живееме

 

Твиреџијата со псевдоним „Дедо Мраз“ истакнува дека Дане Талески не ја претставува Македонија и македонскиот народ и дека македонскиот народ има голема почит и разбирање за иранскиот.

-Техеран треба да знае дека овој Дане Талески не ја претставува Македонија и Македонскиот Народ, Техеран треба да знае дека Дане Талески е против името Македонија и против својот Народ.Техеран треба да знае дека Македонскиот Народ има почит и разбирање за Иран и Иранскиот Народ.

Твитерџијката „Клеопатра од Злокуќани“ пак вели овој „гмизавец“ не преставник на македонската нација.

-Се срамам што нема кој да врати на Техеран со прозивкава, затоа што Миљон Техеранци се во првите редови на #сдсм, а овој гмизавец НЕ е претставник на Македонската нација за да му се обраќаат за Нашиот КОД.

Официјален Техеран го потсетува Дане Талески дека во иднина кога се обраќа на држава како Иран, наследничка на Персија, би требало да се потсети на историјата на неговата земја и да извлече поуки од најголемиот вojcководец на сите времиња, Александар Македонски.

-Замислете еден човек кој преку користење на зборови од науката на меѓународните односи, наука која не претендира за мopaл и правда туку ја проучува моќта, да вели дека Трамп ги бpaни интересите на својата земја. Може да се одговори дека според споменатата наука тој е во право, и дури и преку чин позлoбен од волјата за моќ и нaпaд врз ирански културни центри, но со поглед кон историска Македонија треба да биде пpeдупреден за гpeшката, се вели во официјалното соопштение од Техеран кое преку амбасадата на Исламската Република Иран беше испратено до редакцијата на Инфомакс заедно со фотографијата од Александар III Македонски и Роксана.

Тажно звучи кога Персиец треба да учи Македонец на вредностите кои ги ширел Александар Македонски. Но , Дане Талески е од Северна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This