СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ВРИЈАТ: Што се смееш предавнику?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грците се радуваат, Македонија допрва ќе плаче, а предавниците нека се насмеат. Како на оваа фотографија. Премиерот на Македонија кој самиот себеси си се погази, кој плукна на гробовите на предците, на хероите кои ги положиле животите за Македонија, кој им удри шлаканица на Егејците, на жртвите од грчакта чизма повеќе не е премиер на сите граѓани на Македонија. Во моментот кога се откажа од својата гордост и ниту еднаш не ѝ го изговори името на земјата чијашто влада ја предводи, Зоран Заев се откажа од Македонците, од Македонија, од македонското.

Во изјавата по средбата со грчкиот премиер Алексис Ципрас, премиерот на „нашата земја“ Зоран Заев ниту еднаш не го изговори зборот „Македонија“.

Поради ваквото јавно понижување, се поставува прашањето која држава Заев ја претставува во Давос и која земја ја води откако стана премиер? Затоа што очигледно во ниту еден момент не изговори „Македонија“, како што со векови се нарекувала оваа територија.

Заев изјави дека „двете земји се на вистинскиот пат да постигнат добрососедски односи кои ќе придонесат за стабилноста и економскиот просперитет на балканскиот регион“.

-Мнозинството граѓани во двете земји сакаат да имаат блиски и пријателски односи. Сакаме да станеме еднакви партнери во ЕУ и НАТО. Покажавме во минатото дека можеме да работиме заедно за меѓусебен интерес. Ние како премиери имаме политичка визија и одговорност да работиме на надминување на долгогодишниот спор. Редно време е да се најде решение бидејќи тоа е клучно за нашите евроатлантски перспективи. Крајното решение мора да биде прифатливо за двете страни. Решението мора да биде во заштита на националниот дигнитет и идентитет на нашите народи, рече Заев.

На заедничката прес-конференција по средбата, Заев најави дека Владата ќе го промени името (Александар Велики) на аеродромот и автопатот. Автопатот ќе се вика „Пријателство“, откри Заев.

– Ние сме нова генерација прогресивни премиери. Знам дека денеска многу луѓе нè гледаат. Некои со скептицизам, други со оптимизам. Сакаме да ги решиме прашањата прагматично и одговорно. Го кажувам ова бидејќи само не што сакаме да го решиме спорот со името, туку и билатералните односи да ги поставиме на основа на заемна доверба. Да се справиме со сите форми на иредентизам, да не оставиме дупки за да се осигураме дека нема да се појават слични предизвици во иднина. Мора да најдеме решение за сите нерешени прашање за да можат да продолжат напред евротатлантските интеграции. Заедничкото решение треба да биде ерга омнес, а преговарачкиот процес се приближува кон крајот. Паралелно се согласивме дека треба да продолжат мерките за градење доверба, кажа Ципрас.

Граѓаните остро го осудуваат потегот на Заев. Гневни се и бесни и во неверување дека идентитетот на еден народ може толку лесно да се отпише.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This