СОЧУВСТВО ДО СЕМЕЈСТВАТА НА ЗАГИНАТИТЕ: Македонското МНР меѓу првите со сочувство по терористичкиот напад во Санкт Петербург!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи на Република Македонија изразува сочувство за семејствата на загинатите и повредените во експлозијата што денеска се случи во Санкт Петербург, Руска Федерација.

mnr

Од Министерството за надворешни работи информираат дека се во постојан контакт со надлежните институции во Руската Федерација и до овој момент нема добиено информација за повредени и/или загинати македонски државјани.

За сите прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Санкт Петербург, од МНР бараат да се обратат на дежурните телефони во Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Македонија во Москва и во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.

Амбасада на Република Македонија во Москва, Руска Федерација

Лице за контакт: Јани Богоевски
Мобилен телефон: +79264516986
Адреса: Дмитрија Улјанова 16/2, влез 8, кат 1, стан бр. 509 и 510, 117292 Москва
Е-пошта:moscow@mfa.gov.mk.

6 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This