СОЊА ГЕЛОВА СТОЈАНОВА: Владата на СДС и Тевдовски, на дневна основа ја задолжува Македонија за околу 1.5 милиони евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДС и медиумите блиски до нив молчат и никаде ги нема да кажат збор за расипничкото и недомаќинското работење на министерот за задолжување и кратење, Драган Тевдовски, изјави денес пред Министерството за финансии Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ.

-Лажните душегрижници кои дигаа хистерии до пред некој месец за секоја аукција на државни хартии од вредност, сега молчат кога министерот за задолжување во рок од 70 дена успеа да ја задолжи државата само по овој основ за над 100 милиони евра. За само 70 дена министерот за кратење и задолжување Тевдовски, успеа да го задолжи секој македонски граѓанин за нешто над 3100 денари, односно 50 евра. На дневна основа министерот за ја задолжува Македонија за околу 1.5 милиони евра, вели Гелова Стојанова.

Таа истакнува дека лицемерието се видело и кога министерот за задолжување успеал да стопи 126 милиони евра од девизните резерви, а дежурните аналитичари од СДС за ова немаат никаков коментар.

-Ова значи дека досега граѓаните на свој грб го осетија недонаќинското работење на СДС изразено во над 226 милиони евра, што по основ на задолжување, што по основ на топење на девизните резерви. Ова е резултатот од нивната негрижа, Неодговорност и незнаење. Патем од сето ова граѓаните не видоа ништо. Ниту се отпочнаа капитални инвестиции, ниту се отпочнаа градинки, училишта, болници, патишта, водоводи, канализации, туку напротив се кратат и стопираат и тие кои што отпочнаа или требаше да почнат. Досега видовме дека парите на граѓаните завршуваа само на контото партиски вработувања, договорни услуги, дебели хонорари на комедијанти, шарени револуционери, штабски поети и слично, истакнува Гелова Стојанова.

Граѓаните на дело ја видоа целата неспособност на СДС. За тоа ќе им испорачаат казна на престојните локални избори. Тогаш СДС ќе ја понесе својата политичка одговорност за своето неработење и погрешните политики на штета на националните и државните интереси.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This