March 28, 2024, 11:05 am

СОЊА ОД ПРИЛЕП ГО КРЕНА ЦЕЛО СТУДИО НА НОЗЕ: Го исполни својот сон и на 57-годишна возраст запеа големата сцена

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со своето појавување во шоуто на Гранд “Никогаш не е доцна”, 57-годишната Соња Муличкоска од Прилеп го исполни својот долгоочекуван сон, а тоа е да пее на големата сцена.

Соња целиот свој живот мечтаела да биде пејачка, но сообраќајната несреќа во која го изгубила својот татко, е вусшност причината поради која не продолжила да се занимава со музика.

Во натпреварувањето на ветерани се претстави со песната “Da budemo nocas zajedno” од Весна Змијанац, а нејзиниот настап го подигна на нозе целото студио.

“Што се однесува до мене, Прилеп пее супер”, рече воодушевено Весна Милановиќ, додека Радослав Роки Родиќ рече дека нејзиниот настап бил прекрасен и дамски.

“Имате прекрасна енергија и мислам дека било крајно време да дојдете на оваа сцена и да го исполните својот сон”, констатира Саша Милошевиќ Маре, на што Соња одговори дека конечно го исполнила својот сон и дека е пресреќна.

Соња сепак не успеа директно да се пласира во следниот круг. За да и помогнете да продолжи да настапува во ова шоу, гласајте ТУКА.

Во делот за коментари кликнете на “Prijavite se”, кликнете најава преку Фејсбук и напиштете го нејзиното име и презиме.

Настапот на Соња е на 1:20:20:

Уживајте!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This