СО АВТОБУСИ, РАЗОРУЖАНИ: Се претпоставува дека илјада милитанти дел од Фаилак ал-Рахман го напуштиле сирискиот град Дума

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу илјада милитанти од радикалното движење Фаилак ал-Рахман – заедно со нивните семејства – го напуштиле сирискиот град Дума, изјави во неделата извор во службата за безбедност.

“Дваесет и четири автобуси ја напуштиле Дума преку хуманитарнот коридор во Мухајмам Вафедин кон Идлиб. Ова се случи во рамките на договори постигнати преку посредство на Русија помеѓу сириската армија и милитантите во Дума, пред сè со Џеиш ал -Ислам “, рече изворот.

Според изворот, на милитантите на Џеиш ал-Ислам ќе им биде дозволено да го напуштат градот Дума кон Јарабул со мало вооружување откако групата Фаилак ал-Рахман ќе биде пренесена во Идлиб.

Во саботата сириската армиска команда објави дека владините сили ги ослободиле сите помали градчиња во предградието на Дамаск, освен градот Дума, кој остана под контрола на милитантите.

Според генерал-мајорот Јуриј Евтушенко од рускиот центар за помирување, беше постигнат прелиминарен договор за повлекување на милитантите на Џеиш ал-Ислам од Сирија во Источна Гута. Сепак, рускиот офицер нагласи дека милитантите во Дума мора да ги прикажат картите на минските полиња и тунели и доброволно да ги расчистат зградите и патиштата од мини пред егзодусот.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This