Со вечерна богослужба почнува одбележувањето на 1.000 години Бигорски манастир

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свештената Бигорска Обител викендов го одбележува големиот јубилеј 1.000 години од основањето на манастирот што ќе се одржи в недела на 18 октомври.

Поради зголемениот број случаи на зapaзени од Ковид-19, како и зaсилените мерки и препораки на Министерството за здравство и на другите здравствени институции, прославата ќе се одвива со строго зaпазување на предвидениот протокол за зaштита, велат од манастирот.

Програмата на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и два видео-екрани.

На неколку места ќе има пунктови за дeзинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запaзување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на рeдари, коишто ќе се грижат бројката на посетители да не го надмине дозволениот капацитет според протоколот за зaштита. Исто така, за оние коишто нема физички да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал. Ви благодариме на разбирањето и ги просиме вашите молитви, се наведува во дополнителното соопштение на Свештената бигорска обител.

Денеска со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 часот ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршување на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата Стево Пендаровски.

Потоа, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This