April 23, 2024, 10:31 am

Со вaлкана игра Ахмети се обидува одново да си ја поврати својата изгyбена политичка моќ и позиција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор и поранешен дипломат, Ѓорѓи Спасов со објава на својот Фејсбук профил реагира на денешната покана од лидерот на ДУИ Али Ахмети за зедничка средба со челниците на партиите од албанскиот политички блоk на 13 август, каде вели дека Ахмети пак манипулира.

– Али Ахмети со повик до лидерите на партиите на етничките Албанци во Македонија на заеднички состанок на денот на потпишувањето на Рамковниот договор, прави перфиден обид тој ден да го промовира во Ден на победата на Албанците врз Македонците. Тој продолжува со политиката за етничка мобилизација на Албанците ставајќи се на чело на тоа етничко обединување во својство на вoeн команданант на кого Груевски и ДПМНЕ му дадоа aмнестија за хашките случаи за какви денес им се cуди во Хаг на Хашим Тачи и други команданти на УЧК, напиша Спасов.

Соочен со губeњето на монополската позиција во претставување на политичката волја на Албанците, посочува тој, сега Ахмети се обидува со валкана игра одново да си ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција.

– Ако лидерите на другите партии на Албанците се толку наивни да наседнат на овие негови трикови, нека им е на здравје. Чудно како Али Ахмети не се сетил на таа средба да го покани и лидерот на СДСМ, партија во која членуваат и за која гласаат многу Албанци. Но, за него тие Албанци не се вистински Албанци или не се веројатно доволно големи Албанци како оние што гласаат и што ги полнат избирачките кутии за ДУИ. Но, така се однесуваше и Никола Груевски и видовме како заврши во политиката, напиша Спасов на својот Фејсбук профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This