СО ГОДИНИ БИЛ ДИРЕКТОР СО ФАЛСИФИКУВАНА ДИПЛОМА: Полицијата поднесе пријава против директорот на „Наим Фрашери“ од Куманово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кумановската полиција поднела две кривични пријави за злоупотреба на службената положба и фалсификување исправа против две лица, информираа од МВР.

Според информациите во полицискиот билтен, пред осум години, односно во 2010 година 61-годишниот И.А., кој тогаш работел како референт за студенски прашања на Педагошкиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, да му издаде уверение за завршен VII/1 степен на педагошкиот факултет. Така, второпријавениот 51-годишниот З.К. го запишал првопријавениот на прв циклус на студии за учебната 2010/2011 година, а потоа на 06.10.2010 година, без истиот да ги полага програмските испити и без да уплати парични средства за испити и семестри во буџетските средства на РМ, му изготвил фалсификувано уверение за завршен VII/1 степен образование, со што го оштетил Буџетот на РМ.

Потоа, првопријавениот за временскиот поериод од 16.06.2011 до 03.01.2015 година го употребил уверението од педагошкиот факултет при именување на истиот за директор во основното училиште „Наим Фрашери“ во Куманово. Во временскиот период од 30.01.2017 година до 25.12.2017 година И.А. повторно го употребил уверението за работен ангажман преку АПВ АРБЕИТ ДЕ Скопје со одстапување во Општина Куманово, а потоа во временскиот период од 03.01.2018 до денес при засновање на работен однос во Општина Куманово, остварувајќи личен доход за вредноста на тој исплатен личен доход го оштетил Буџетот на РМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This