Со голем пpoтест сабoтирана доставата на вakцини во Тирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Албанските власти остро ги нападнаа организаторите на протестот на аеродромот во Тирана, обвинувајќи ги за саботажа при испорака на вакцини.
„Саботажата нема да се толерира“, најави албанскиот премиер Еди Рама.

Рама ги предупреди организаторите на протестот на аеродромот во Тирана дека ќе се соочат со последиците доколку не го прекинат веднаш протестот, со што целосно беше запрен воздушниот сообраќај во тој град.

Министерката за инфраструктура Белинда Баjуку ги предупреди штрајкувачите дека нивниот протест претставува „закана за националната безбедност“, наведувајќи дека поради развојот на ситуацијата на аеродромот во Ринас, денеска нема да пристигнат вакцини во Албанија.
Рама и министерот за инфраструктура го обвинија албанскиот претседател Илир Мета за ваквиот развој на настаните, а организаторите на протестот „дekа го држат градот под блокада, и покрај дебелата заработка“.

Контролорите на летот во Тирана ја прекинаа работата, барајќи целосна плата. Властите тврдат дека штрајкувачите се политички мотивирани и преплатени, пренесува РТС.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This