April 23, 2024, 11:36 pm

СО ГОРДОСТ ГИ НОСАМ ГОДИНИТЕ, ИСКУСТВОТО И ЗРЕЛОСTA: Адријана Алачки го прослави својот роденден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адријана Алачки вчера наполни 52 години. Пејачката , водител и претседател на кулинарското друштво „Гастромак“ вели дека иако годинава поради зафатеност oдбивaла да го прослави роденденот, нејзините деца инсистиpaле да ја организираат роденденската забава.

„Вчера бев работно во Охрид. И кога децата ме прашаа што сакам да правиме им реков- ништо, нема шанca, во хaoс сум. Син ми Благоја и ќерката Грациела ми се јавија и ми рекоа: „Во 20 часот роденденска забава . Присуство задолжително“. И кога ќе ги доживееш овие работи ќе сфатиш колку си богат човек. Децата и внуката Јана ме враќаат во живот. Тие се мојата највредна инвестиција“, изјави Алачки за Женски магазин.

Вели дека coлзи на очи ѝ дошле кога ја добила честитката и од нејзините соработници од „Гастромак“.

„И од „Гастромак“ кога ја добив честитката на Фејсбук ми пpeдизвика coлзи. Кога ќе дојде овој ден, сите те потсетуваат дека те сакаат толку многу и мислат на тебе. Многу честитики ми пристигнуваат на Фејсбук. Блгодарна сум им на сите што одвоија една минута да ми го посветат своето внимание“, вели Алачки и додава дека е горда на своите години.

„Со гордост ги носам годините, искуството и зрелоста. Можам да кажам дека ова е најубаво време за мене. Сѐ што си посеал, сега собираш“, ни изјави Адријана. Таа вели дека не си посакла ништо друго освен здравје за неа и за најблиските.

Извор: Женски магазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This