March 29, 2024, 12:44 pm

СО ГОРДОСТ И ВИСОКО КРЕНАТА ГЛАВА ДА КАЖЕМЕ: Да јас, бев дел од таа генерација Македонци и си ја зачував државата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На овие парламентарни избори кои се пред нас изборот е помеѓу две алтернативи. Едната опција која создаваше кризи, и другите кои и покрај се` се трудеа да работат, да помагаат, да создаваат, и покрај сите пречки и опструкции. Едните кои сееја омраза и поделеност, и другите кои и покрај се, работеа на конкретни проекти и мерки кои го подобруваат вашиот живот.
mi3

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во четвртата изборна единица Никола Груевски, на вечерашниот голем митинг во Скопје.

-На крај на сето ова, секој од вас треба да се праша самиот- со кого ќе ви биде подобро на вас лично подобро, кој ќе сработи повеќе, кој подобро ќе се справи со економските предизвици, со кого ќе се чувствувате посигурно, кој има подобар кадар и програма, кој држи повеќе до дадениот збор, кој ќе отвори работни места и ќе овозможи повисоки плати, пензии, социјална помош, субвенции, на кого повеќе му верувате, кој ќе биде достоинствен пред уцени, и со кого нема да се срамите кога еден ден ќе погледнеме назад, кој ќе ги штити државните интереси подобро- ние или СДСМ.

mi2

Во суштина, рече Груевски, ова е едноставен избор и покрај сложените околности во кои се прави.

-Избор помеѓу две комплетно различни концепции и избор помеѓу двајца кои се кандидираат за премиер- помеѓу мене и Зоран Заев. Ако веруваш во Македонија твојот избор е јасен. Сега е моментот кога треба да се потрудиме оваа криза на 11-ти декември да ја затвориме и да ја претвориме во една нова можност. Тоа е денот кога сите заедно ќе се спротивставиме на ова сценарио кое што се спроведува во Македонија. Бидејќи знае народот што се случува и што сака. Знаеш и ти многу добро што се случува во државата.

mi6

Но, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, со изборите на 11-ти декември ќе им покажеме не само на скептиците во државава и оние кои работат на ова сценарио тука, во Македонија, туку ќе видат и соседите, но и народите пошироко дека овде живее горд и достоиствен народ, цврст и силен кој и со оваа генерација ќе го победи сето она што се прави против Македонија.

-А ние, еден ден, сите ние од оваа генерација македонски граѓани, млади, средовечни и повозрасни, ќе можеме со гордост да погледнеме наназад и да кажеме, со високо крената глава: „Да јас, бев дел од таа генерација Македонци и си ја зачував државата”. Генерација која што ја одбрани државата, која што донесе правилна одлука кога беше најпотребно, и која што знаеше да одбере што е подобро за граѓаните и за татковината. Судбината на Македонија е во твои раце. Ова е историски момент во кој се носи многу важна одлука. Одлука која навидум некому можеби и ќе му се чини не баш едноставна, но во суштина е многу едноставна. Главата горе. Ова е твоја земја. Ние нема да те изневериме и ќе бидеме рамо до рамо со тебе во сите предизвици. Ти си нашата сила, ние сме вашата сила. Доаѓаат подобри времиња, главата горе и не заборавајте- ова е Ваша земја, потенцираше Груевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This