Со долг над 60% од БДП за 2020 година слободно може да се каже дека државата е бaнkpoтирана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доколку се погледнат макроекономските проекции на ММФ за 2020 година и и се прифатат новите проекции на Светската банка за пад од минус 4.1 посто од БДП, тогаш долгот е веќе над 60 проценти од БДП за 2020 година. Со ова ги пpekршуваме правилата на ЕУ за незaдолжување на држава, и може да кажеме дека државата е бaнкротирaна, посочи пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи.

-Велиме наемот е наменски. Тоа значи за да се добие истиот, министерството за труд и социјална политика до Светската банка морало да постави детален табеларен приказ по ставки, количини и вредности, односно износи на истите. Согласно тие информации тој бил одобрен на 30-ти април 2020 година. Ваков табеларен приказ да беше доставен до пратениците сите ќе ја делевме одговорноста на аминување на она што е добро за граѓаните. Меѓутоа тоа не се случи. Иако го барам табеларниот приказ еве вие веќе трет ден ниту одговарате на прашањето ниту кажувате каде е. Министерот за финансии рече дека тој е во изготвување и наскоро ќе биде јавен. Тоа е невозможно, Затоа што да се добие наемот морало да има табеларен приказ. Зошто ние мораме да ги имаме тие прикази, е затоа што сите овие наеми од Светската банка завршуваат со ревизија од страна на таа банка. Тоа значи дека во државата ќе дојде експерт ревизор и ќе направи ревизија по дадениот табеларен приказ. Затоа ќе ве замолам да не ловиме во матно да бидеме транспарентни, да ги добиеме сите информации и тогаш ќе можеме да анализираме вакви документи, изјави од собраниската говорница Мизрахи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This