April 18, 2024, 10:14 am

СО ДОПИР ЛЕКУВАЛ БОЛНИ: Денеска е Преподобен Никита Халкидонски, обичаи и верувања за овој празник

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денеска е Преподобен Никита Халкидонски.

Овој светител засвети на земјата во времето на иконоборството. Од млади години се имаше повлечено во манастир. Неговата огнена љубов кон Христа од него набргу направи висок духовен светилник кој беше забележан од раководителите на црквата, па Никита беше избран за епископ на градот Халкидон. Кога на византискиот трон дојде иконоборечкиот цар Лав Ерменецот, скоро сите правоверни отци требаше да бидат прогонети. А тоа се случи и со Никита, кој отворено ја исповедаше правата вера и го прекоруваше царот за неговото отстапување. Свети Никита беше прогнат и во прогонство го заврши својот живот, преселувајќи се во вечните живеалишта на својот Господ, Исус Христос.

Според народните верувања на денешниот ден треба да се среди домот и да се оди во посета на најблиските. Треба да се избегнуваат кавги и никако не треба денеска да се шие облека.

Свети Игнатиј, епископ Ростовски

Како архијереј дваесет и шест години управуваше со стадото Христово. Кога умре и му го положија телото в црква, некои видоа како стана од ковчегот и се крена во воздухот над црквата, ги благослови луѓето и градот, па пак се врати во својот мртовечки ковчег. И многу други чуда се пројавија на неговиот гроб. Се претстави кај Господ на 28 мај 1288 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This