Со зakoнските изmeни, ако го „бpмчиш“ мотopoт полициjaта ќе може да ти го одзeme

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конечно ќе се стави ред со возилата кои се неисправни, небезбедни или предизвикуваат голема бучава во сообраќајот. По една година чекање во законодавниот дом, народните избраници во последниот месец од мината година ги изгласаа измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, што од 26 декември веќе влегоа во сила.

МВР вчера соопшти дека согласно со овој закон, возилата што се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот со истечена сообраќајна дозвола повеќе од шест месеци, ќе се одземаат на 90 дена. Полициските службеници веќе „собрале“ 24 возила, и тоа едно во Скопје, осум тетовски, десет струмички, како и пет од Штип.

Еве што точно стои во законските одредби. „Полицискиот службеник ќе го исклучи од сообраќај возилото кое не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важноста на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност или нема пропишани регистарски таблици. Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Доколку биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Полицискиот службеник кој го исклучил возилото од сообраќај на возачот на самото место, привремено ќе му ја одземе сообраќајната дозвола или регистарските таблици“, децидно се наведува во законот.

Сите трошоци при оваа постапка на одземање, а потоа и на враќање на возилото, ќе бидат на товар на самиот возач.

Извори од МВР за Фактор објаснуваат дека е добро што по толку долг период на чекање и заглавеност на овој закон, делумно заради политички причини како што беа изборите, а потоа и поради корона кризата, тој конечно стапи на сила. Законот, како што велат, многу ќе им помогне и за да се „стават во ред“ дрските моторџии, нешто што се планира поинтензивно од пролет, кога тие, практично, ќе почнат да го малтретираат населението со своите „егзибиции“.

„Со законот е предвидено дека доколку возилото е технички неисправно или предизвикува голема бучава, може да биде одземено на 90 дена односно три месеци. Што значи, сите тие делови кои моторџиите ги додаваат за поголема ‚туража’ и со кои ги вознемируваат граѓаните, сега ќе се сметаат за техничка неисправност и ќе можат да им бидат одземени на три месеци“, објаснуваат извори од МВР.

Ова ќе важи и за сите други возила, кои покрај бучавост, испуштаат и премногу чад од ауспухот, пребавно возат, или не можат да закочат, односно да застанат веднаш со сопирачките.

Извор: Фактор

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This