Со какво богатство располага идната гувернерка на НБРМ?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Актуелната вицегувернерка во НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска која е предлог на претседателот Ѓорге Иванов за гувернерка во својот анкетен лист доставен до Антикорупсиската комисија пријавила три стана, автомобил, хартии од вредност, но и кредит.

Два од становите пријавени во имотниот лист на вицегувернерката се водат на име на нејзиниот сопруг, додека еден е на нејзино име. Сите три станови брачниот пар ги стекнал со договор за купородажба.

Два од трите станови се проценети на над 6 милиони денари а еден е проценет на 4 милиони денари.

Ангеловска-Бежоска пријавила и автомобил „хонда акорд“кој е на име на сопругот.

На сопствено име Анита Ангеловска-Бежоска пријавила приходи од експертски услуги за ММФ и две трансакциони сметки во НЛБ банка . На едната од нив има 1.367.566 денари, додека на другата 105.330 денари.

Вицегувернерката пријавила и акции на име на сопругот од 3.497.886 денари.

Ангеловска-Бежоска има и кредит од 3.444.163 денари кој е исто така на име на брачен другар.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This