СО КОЈ ПАМЕТ СЕ ПРАВИ ВАКВА РАБОТА: Се вработиле во администрација како Ром и Албанец, а всушност се Македонци?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јавниот оглас за вработување на административни службеници, поточно, одлуката со која се вработуваат двајца припадници на малцинските заедници во Македонија, под број 189/2019 јасно ја отсликува вистината за злоупотребите на Охридскиот Рамковен договор, според кој најмалку 21% од државните службеници во сите институции во земјава мораат да бидат припадници на етникумите

 

Така на пример, Влатко Калчиновски, според овој оглас е Ром кој се вработил како државен службеник. Можеби навистина е, но ако судиме според името и презимето веројатноста е неверојатна.

Тука е и Томислав Јанкуловски, според одлуката за вработување, Албанец. Но, ќе се согласите дека ако судиме по името и презимето, верјоатноста дека тој навистина е Албанец е – неверојатна.

Ако ја прифатиме претпоставката, која е најверојатна, дека овие двајца не се ниту Ром ниту Албанец тогаш можеме да претпоставиме дека нововработените службеници во државната администрација го злоупотребиле системот, заедно со „работодавачите“ и пред објавување на огласот и двајцата ја промениле етничката припадност во Ром, односно Албанец. И сето ова додека бројот на невработени Роми и Албанци стабилно се зголемува.

Во исто време, од работа се бркаат вработените Албанци, Роми, Срби и останатите кои работното место го добиле од претходната власт, а се вработуваат Македонци кои најверојатно лажно се претставуваат дека се припадници на етничките заедници во земјава.

Тоа е.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This