СО КУЧИЊА ВЛЕГЛЕ ВО КАСАРНАТА ПЕТРОВЕЦ: Приведени двајца изгубени французи кои влегле во касарната „Петровец“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полицијата привела двајца Французи кои со кучиња влегле во кругот на касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, информираше МВР.

Според полицијата, вчера околу 23.20 часот во касарната „Страшо Пинџур“, вработен кој бил во дежурната служба забележал патничко моторно возило „Форд галакси“ со романски регистарски ознаки. Во возилото биле две лица и истото запрело во близина на касарната.

По кратко време од автомобилот  излегло едно лице кое со две кучиња влегло во просторот на касарната. Кога дежурниот се обидел да го легитимира натрапникот кучињата станале агресивни, по што војникот  испукал еден предупредувачки куршум во воздух. Лицата се приведени, при што е утврдено дека се работи за М.Д.Б.Д.(22) и Н.М.А(23) двајцата од Франција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This