СО ЛАСЕРИ ГИ ЗАСЛЕПУВАЛЕ АМЕРИКАНСКИТЕ ПИЛОТИ: Кинеската армија обвинета дека со ласерско оружје ги заслепува воените пилоти на САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кинескиот воен персонал користи ласери и ги таргетира американските пилоти над Џибути, објави Волстрит Журнал.

Официјални претставници на Пентагон за “Волстрит џурнал” објавија неколку инциденти поврзани со ласери во текот на изминатите неколку недели, вклучувајќи и еден во кој двајца американски пилоти добија помали повреди на око поради ласерски зрак насочен кон нивното летало.

“САД ги известија пилотите да се претпазливи кога летааt во одредени области во Џибути.Оваа порака беше издадена поради тоа што ласерски направи биле насочени кон американските авиони во изминатите неколку недели. Ласерите насочени кон авионите имаат потенцијал да предизвика сериозна штета на авионите и екипажот “, рече портпаролот на Пентагон, Мајкл Шерил Клинкел.

Кинеските официјални претставници претходно се жалеа на странските воени авиони што летаат над кинеската стражарница во Џибути, пренесуваат медиумите.
Кинеската база во Џибути е првата воена воена база на Пекинг надвор од континетална Азија,. Џибути е стратешки лоциран на Рогот на Африка.

Азиската земја работи на мрежа на поморски и воздухопловни бази во и околу Индискиот Океан, додека Пекинг инвестира да прерасне во воена сила со зголемено глобално влијание.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This