СО ЛЕСНО: Почна 42-часовниот карантин во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 11 часот денеска почна забраната за движење на населението што ќе трае до вторниk до 5 часот изутрина.

Забраната не важи за полицијата, армијата, здравствените работници, противпожарните територијални единици.

Сопствениците на миленици ќе можат да ги изнесуваат наутро од 08:00 до 08:30 часот, потоа попладне од 15:00 до 15:30 часот, како и навечер од 20:00 до 20:30 часот, до 100 метри оддалеченост од живеалиштето и со примена на останатите мерки за лична заштита.

Јавниот превоз во Скопје нема да функционира од недела во 11 до вторник во 5 часот.

Одлуката овој продолжен викенд да има зголемена рестрикција за движење на граѓаните, односно полицискиот час да трае од недела во 11 часот, до вторник до 05.00 часот, Владата ја донесе на 56-тата седница, иако претходно Комисијата за заразни болести поднесе предлог полицискиот час да трае од сабота од 19:00 часот до вторник до 05:00 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This