Со мало доцнење, Столтенберг пристигна во Скопје

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјалниот авион на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг слета на Меѓународниот аеродром Скопје, а за околу еден час се очекува да слета и вториот авион во кој се амбасадорите на змејите членки на НАТО, односно Северноатланскиот совет (НАК), со нивните придружни делегации.

На аеродромот беа пречекани од висока владина делегација по што се упатија кон Собранието на Република Северна Македонија каде ќе се одржи свечен прием во нивна чест.

Утре на платото пред Владата ќе се одржи свечен пречек со највисоки државни и воени почести за генералниот секретар на НАТО Столтенберг.

Тој во Владата ќе има и тет-а-тет средба со премиерот Зоран Заев по што ќе се одржи состанок на Северноатланскиот совет со Комитет за интеграција наРепублика Северна Македонија во НАТО. Генералниот секретар Столтенберг утре ќе биде примен и од претседателот Стево Пендаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This