СО МИЛИОНИ ВЛАСТА ГИ СТАВИ ПЕЧАТЕНИТЕ МЕДИУМИ ПОД СВОЈА КАПА: Исплатени 42,5 милиони денари субвенции на 11 весници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 11 печатени медиуми им се исплатени 42.568.620 денари со владината Програма за поддршка на печатење и дистрибуција на печатени медиуми за 2018 година.

Од Програмата за 2018 со која беа на располагање 50 милиони денари се исплаќаа трошоци за печање и за дистрибуција, врз основа на фактури за 2017 година. На „Нова Македонија” и се исплатени 6.183.000 денари, „Слободен печат” – 14.277.742 денара, „Битолски весник” – 244.500 денари, „Заман” 903.092 денара, ДИТ Зенит прес ДОО Прилеп – 287.343 денари, „Капитал” 2.115.614 дебнари, „Коха” – 4.932.157 денари, „Вечер” – 7.255.047 денари, „Лајм” – 1.043.912 денари, „Фокус” – 4.624.438 денари и на „Економија и бизнис„ – 701.105 денари.

Министерот без ресор Роберт Поповски на денешната прес конференција на прашањето дали со државните субвенции за весници постои основ за нивно корумпирање одговори дека Владата не дава пари, ниту ја пропагира својата политика, ниту има намера оваа Влада да помисли нешто да прави.

СДСМ како опозиција пак постојано тврдеше дека со државни пари се контролирале новинарите и известувањето и дека кога ќе дојдат на власт ќе запрат со тоа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This