Требаше да умрат 25 000 војници – Ова е цената која ја плати Ерменија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерно обраќање до нацијата, Eрменскиот премиер се обиде да ги стивне реакциите за потпишувањето на мировниот договор со Азербејџан, за да се стави крај на неколкудневните насилства и револт на Eрменците кон власта.

„Ерменија мораше да се согласи на примирје со Баку, или нејзината 25.000 војска да се соочи со целосно опкружување и разбивање.“
Во обраќањето до нацијата, Пашинијан објасни дека трилатералниот договор за прекин на огнот потпишан од Ереван, Баку и Москва не подразбира конечно решавање на конфликтот во Нагорно Карабах.

„Кога ќе се појави ситуација кога еден војник повеќе не може да влијае на ситуацијата, тогаш тој не треба да умре во името на својата татковина, туку татковината треба да прави жртви во името на војникот“, објасни Пашинијан.

„Со ова разбирање, го потпишав неславниот документ, разбирајќи дека мојот ризик да умрам е голем, не само во политичка, туку и во физичка смисла“.

Во раните утрински часови во вторникот, премиерот објави дека земјата се согласила да ги прекине непријателствата со Азербејџан, по крвавиот конфликт што започна кон крајот на септември.

Сепак во јавноста Пашинијан постојано тврдеше дека Ерменија ја добива војната. Затоа и разбирливо е што тој сега е нападнат поради локалното население. Како дел од мировниот договор, Ереван ја изгуби контролата врз делови на Нагорно Карабах, а руските мировници се распоредени долж контактната линија.

Според Пашинијан, тој знаел дека мировниот договор ќе доведе до незадоволство кај јавноста, но верува дека тоа е правилен избор за заштита на неговите војници.

„Ова се случи откако Генералштабот на вооружените сили објави дека операциите треба итно да запрат и дека Степанакерт (најголемиот град во Нагорно Карабах) може да се изгуби за неколку часа“.

Крај на вojната во Карабах: Ерменија, Азербејџан и Русија постигнаа договор

Во средата, над илјада ерменски демонстранти, предводени од опозициски лидери, излегоа на улиците на Ереван во знак на протест против потпишувањето на договорот. Демонстрантите скандираа „Никол е предавник“, барајќи тој да си даде оставка од функцијата лидер на земјата.

Пpoтeсти во Ерменија: 3aпалена ерменската влада откако беше потпишан мировниот договор со Азербејџан

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This