СО МИСЛАТА ЗА ЗДРАВО ТЕЛО ЗДРАВ ДУХ, ЌЕ СЕ ОДРЖИ МАНИФЕСТАЦИЈА „ВОЗИМЕ КОН ИДНИНАТА“: Деца од 30 скопски училишта ќе се тркаат со ролерки!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ЈУ Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка од Град Скопје, годинава по осми пат ќе организира „Ролер трка 2019 “, наречена „Возиме кон иднината“. Во оваа спортска манифестација ќе учествуваат училиштата од градот и околината.

Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади, како и создавање навики за спортување.

Со мислата во здраво тело , здрав дух, сакаме да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба. Со унапредувањето на ролер спортот, градот се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална и од година во година е се помасовна.

Во манифестацијата „Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 700 ученици, а годинава очекуваме бројката да биде поголема. Учесници се деца од 30 и повеќе основни училишта од градот и околината.

На „РОЛЕРИЈАДАТА“ ќе бидат доделени по 3 награди за најуспешните учесници во машка и женска категорија

Манифестацијата ќе се организира на 17 април (среда) во 12 часот.
Стартната позиција ќе биде на Бул.„Илинден“, од пред фонтаната на Градскиот парк и се движи до клучката на бул „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило) и назад до целта.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This