СО МНОГУ ПАРИ ЌЕ МОЖЕТЕ ДА СТАНЕТЕ „ГРК“: До грчки пасош за „само“ два милиони евра?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчката влада размислува да донесе закон за доделување грчко државјанство и грчки пасош за странците од трети земји кои ќе купат недвижен имот во Грција во вредност од најмалку два милиони евра, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Идејата на владата е физички и правни лица да ја одберат Грција како нивно место на живеење, каде што и ќе се оданочуваат нивните приходи.

Планот коинцидира со најавеното напуштање на Велика Британија на ЕУ, кога доста инвеститори поради „Брегзит“, бараат нова дестинација за купување недвижнини.

Оваа идеја на грчката влада е независно од веќе постоечката „златна виза“ што предвидува петгодишна дозвола за престој за странските државјани кои се стекнуваат со недвижнина во Грција во вредност од најмалку 250 илјади евра, jави дописничката на МИА од Атина.

Грчката влада, размислува да го следи примерот на Кипар, Малта, Велика Британија, Бугарија и Холандија кои веќе го спроведуваат моделот натурализација на инвеститорите во недвижнини кои доаѓаат од трети земји, пишува „Катимерини“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This